НА ВИКТОРИЈА (17) И ПУКАЛ ВО ГЛАВА, УМИРАЛА СО ЧАСОВИ. Таа е една од 4-те жртви на злосторство што нема да има епилог: Кристијан е уапсен во Србија

Беше 4 март 1997 година. Во кујната од станбената зграда, еден од двајцата сторители и пукал во глава на Викторија Крошлин (17). Девојчето не починало веднаш, туку околу 22:30 часот по долга агонија.

Нејзината мајка Хелена, која била потстанар во семејството Похарц, била убиена недалеку од куќата, исто така со истрел во главата.

Најдолго биле измачувани сопствениците на куќата, Франчишка Похарц и нејзиниот сопруг Стефан, за кој се вели дека бил цел на брутален чин, бидејќи наводно дома имале примамлива сума пари, која насилникот ја барал.

Стефан прво бил застрелан во левата натколеница во кујната од куќата, откако сопругата веќе била убиена, па бил влечен бос и со лисици на рацете во помошната зграда, каде што исто така му завршил животот со истрел во главата.

Цели 27 години по ова кривично дело, единствениот службено обвинет, Кристијан Каменик (51) е правно ослободен од сите обвиненија за ова брутално четирикратно убиство во Текачево, одлучи советот на Вишиот суд во Цеље, отфрлајќи ја жалбата на обвинителот на ослободителната пресуда, за едно од најголемите злосторства некогаш извршени во Словенија.

Обвинителот побара 15 години затвор за секој одземен живот. Кристијан е единствениот против кого обвинителството поднесе правосилно обвинение во кое го обвинува за учество во овој грозоморен чин кој очигледно никогаш нема да има епилог.

На Кристијан Каменик за првпат му се судеше во 1997 година, бидејќи тој, наводно, ги застрелал Стефан Похарц (73), неговата сопруга Франчишка (75) и нивните станари Хелена Крушлин (36) и нејзината ќерка Викторија (17) во Текачево на 4 март 1997 година.

Обвинителството го обвини Каменик дека ги убил заедно со непознат соучесник од, како што се наведува, личен интерес.

Во декември 1999 година беше осуден на 20 години затвор, но 2 години подоцна Врховниот суд ја укина пресудата. На повторното судење тој беше ослободен, но повисоките судии ја укинаа и оваа пресуда. Третото судење започна во 2007 година, но беше прекинато, бидејќи Каменик во меѓувреме беше затворен во странство поради трговија со дрога – во Србија, Хрватска и Италија.

Во јуни минатата година советот на Окружниот суд во Целје по втор пат го ослободи Каменик од обвиненијата.

Судот ги испита доказите кои останаа во досието и по 26 години и заклучи дека ниту еден од нив не го поврзува Каменик со местото на злосторството ниту го поврзува со убиствата.

„Дури и да се покаже дека некои од изјавите на сведоците се вистинити и точни, нема материјални докази кои потврдуваат дека Каменик навистина бил на местото на злосторството. Исто така, на местото на кривичното дело не е пронајдена ниту една биолошка трага од кривичното дело, која му припаѓала на обвинетиот“, објасни судијката Аленка Јазбиншек Жганк во јуни минатата година.

Дефинитивно ослободен

Обвинителот Горазд Кацијанчич поднесе жалба на ослободителната пресуда поради, според него, погрешно утврдена фактичка состојба, но тој не се жалеше до Вишиот суд.

Оттука, ослободителната пресуда е конечна. Каменик моментално се наоѓа во притвор во Марибор, откако специјалците го уапсија на крајот на јануари годинава на подрачјето на Словенска Бистрица, каде што сега живее, и му запленија килограм кокаин.

Тој самиот цело време инсистира дека никогаш не бил во Текачево и дека не ја познавал жртвата.

Едно од најстрашните злосторства во Словенија очигледно ќе остане неистражено, а никој нема да одговара за смртта на четири лица.