Поврзете се со нас

Италија

Лацио влезе во победничка серија во Калчото (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Фудбалерите на Лацио влегоа во победничка низа во Серија А, серија на резултати со кои можат да се надеваат на пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Избраниците на Тудор вечерва слевеа над Верона со 1-0 со погодокот кој во второто полувреме го постигна повремениот италијански репрезентативец Закањи. Ова за него беше петти сезонски гол кој се покажа како доволен за трето славје во низа на „лацијалите“, вкупно 17 во кампањата 2023/2024.

Лацио сега има 55 бода само три помалку од градскиот ривал Рома кој го држи последното место кое води во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни