Connect with us

Домашни банки

ШПАРКАСЕ БАНКА е спонзор на 53. издание на „Златно славејче“

Објавено

на

Шпаркасе Банка е горд спонзор на „Златно славејче“, најстариот детски музички фестивал на Балканот, а втор во Европа. Овогодинешното 53. издание на фестивалот ќе се одржи во просториите на Македонска филхармонија, во сабота, на 18 ноември.

Првото издание било организирано во 1971 година и се одржало во Драмскиот театар во Скопје. На првите концерти пеел Игор Џамбазов, а Блаже Маротов го испеал големиот хит „Ах тој крокодил“.

„Златно славејче“ е фестивал што секоја година го следат илјадници посетители. Повеќе од педесет години „Златно славејче“ претставува неизмерна радост и гордост и токму затоа Шпаркасе Банка со големо задоволство го поддржува овој значаен културен настан за деца.

Продолжуваме да го поддржуваме детското музичко творештво и уметност. Нашата визија е развивање на талентите кај нашите најмлади граѓани.

Се гледаме на ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ 2023!

#ВерувајВоИднината

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2024 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (петок) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

На 25 мај ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.

“Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.”, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Продолжи со читање

Домашни банки

Поддршка од Комерцијална банка за 15-то јубилејно издание на Гитарскиот фестивал во Крушево

Објавено

на

Музиката како уживање за публиката и како страст на младите музички таленти е тоа што го прави Гитарскиот фестивал во Крушево вистински музички спектакл и кој Комерцијална банка со задоволство го поддржува оваа година.

Како докажан поддржувач на музичката култура во земјава и особено на создавањето нови талентирани музичари, Комерцијална банка обезбеди поддршка за 15-то јубилејно издание на Гитарскиот фестивал, во организација на друштвото за култура и уметност АРТ-КУЛ Крушево.

Овој музички настан ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни со богата музичка програма од целовечерни концерти, а ќе се организира и Школа за гитара за млади таленти во чест на нејзиниот основоположник Христо Христовски – Мулар.

Банката е горда на секој свој придонес за негување на музичкото творештво во земјава, особено кога тоа значи и продолжување на делото на врвни уметници, како што е почитуваниот Христо Христовски – Мулар.

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Склади влезе на македонскиот пазар со преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Склади, управување со средства, д.о.о. денеска, по добивањето на сите релевантни одобренија, успешно го заврши преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје. Купопродажен договор со компанијата Генерали Инвестментс за купување на мнозинската сопственост на компанијата Генерали инвестментс АД Скопје е потпишан во ноември 2023 година.

„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата, која одржува силно присуство на пазарот. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка на Групацијата во однос на вкупната актива, заземајќи системски важна позиција со пазарен удел од повеќе од 16% мерено според вкупната актива, и над 20% кај кредитите и депозитите кај населението. Од друга страна, гледаме многу можности за раст, затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна Македонија на крајот на 2022 година, а сега го комплетираме нашето портфолио на производи со услуги за управување со средства“, објасни Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ.

„Во НЛБ Групацијата веруваме во развој на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед, бидејќи пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, од друга страна, пазарот е доволно развиен и приемчив на ваква понуда, затоа гледаме многу можности за раст“, изјави Лука Подлогар, претседател на Управниот одбор на НЛБ Склади. По завршувањето на трансакцијата, на клиентите наскоро ќе им биде понуден проширен опсег на средства, додаде тој. Тој дополнително објасни дека НЛБ Групацијата има намера и во иднина управување со средства да организира под капата на НЛБ Склади.

НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Компанијатаја одржува својата водечка позиција на пазарот долги години и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е компанија на која и веруваат голем број Словенци.

Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 48 милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови (два акциски, еден паричен и еден комбиниран).

Продолжи со читање

Популарно