Апликацијата Hangouts на Google ќе биде затворена наесен, објави компанијата.

Google соопшти дека ќе започне да ги префрла корисниците на Hangouts на Chat пред апликацијата да стане недостапна по ноември оваа година. Оние кои користат Hangouts ќе видат известување и препорака да се префрлат на посебната апликација Chat или Chat experience во Gmail.

„Hangouts е заменет со Google Chat“, се наведува во известувањето.

Преку Gmail, Goole нема да почне да ги поканува корисниците на Hangouts да се префрлат до јули. Веб-клиентот на Hangouts ќе остане достапен до ноември, а Google најави дека корисниците ќе имаат известување најмалку еден месец пред веб-страницата на платформата да започне автоматски да ги пренасочува корисниците на Chat.

Исто така, Google им вети на корисниците на Hangouts дека разговорите автоматски ќе бидат префрлени на поновата апликација, а услугата Takeout може да се користи за преземање копија од податоците.

Google веќе некое време постепено го укинува брендот Hangouts во корист на своите понови услуги за пораки, па не е изненадување што компанијата конечно одлучи да ја прекине платформата. Исто така, Hangouts никогаш не уживаше во огромната популарност на некои други апликации за пораки, но сепак имаше свои верни обожаватели.