17.8 C
Скопје
18:06 - 3 мај, 2024

Почина Елеонор Копола, режисерка и сопруга на прочуениот Френсис

Американската режисерка Елеонор Копола, сопруга на Френсис Форд Копола, почина на 88-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Елеонор Копола почина во петокот во нејзиниот дом во Радерфорд, Калифорнија. Копола е родена како Елеонор Нил во Лос Анџелес на 4 мај 1936 година и пораснала во Хантингтон Бич. Дипломирала применет дизајн на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Копола доби Еми во 1992 година за „Hearts of Darkness“, кој го прикажува снимањето на филмот „Апокалипса сега“ на нејзиниот сопруг Френсис Форд Копола.

Таа ги режираше и романтичните комедии Paris Can Wait (2016) и Love Is Love Is Love (2020).

Нејзината визуелна уметност, вклучувајќи фотографија, цртежи и концептуални дела, е изложена во многу галерии и музеи низ светот.

Таа го запознала Френсис Форд Копола додека работела како помошник уметнички директор на хорор-продукцијата Деменција 13 на Роџер Корман, во која Копола го направил своето режисерско деби и се венчале во 1963 година. Копола (86) е најпознат по филмот „Кум“ од 1972 година, кој се смета за заштитен знак на американскиот гангстерски филмски жанр.

 

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....