За вечно паметење: Баер Леверкузен им нуди бесплатни тетоважи на своите фанови (ФОТО)

По историската сезона во која за прв пат по 120 години Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата, германскиот клуб се одлучи на досега невиден потег нудејќи им на своите навивачи бесплатни тетовжи за вечно паметење.

Германскиот клуб им даде опција на фановите да одберат помеѓу пет налик грбови користени низ историјата, популарната фраза „Напред Баер“ или датум на освоената титула, како и географски координати од домот на клубот, „Бај Арена“.

Се вчитува...