Еден од најголемите комичари на сите времиња

152

Познатиот актер Sir Charles Spencer Chaplin е роден на 16 април 1889 година во London, England, а починал на 25 декември 1977 година во 88 година од животот во Corsier-sur-Vevey, Switzerland.

Тој бил инспирација години наназад на многумина, а со неговите филмови израснале генерации. Зад себе оставил бројни незаборавни улоги, но и 4 совети за животот:

(1) Ништо не е вечно на овој свет, дури ни нашите проблеми.

(2) Сакам да шетам на дожд, затоа што никој не ги гледа моите солзи.

(3) Најпотрошениот ден во животот е денот кога не се смееме.

(4) Шестте најдобри доктори во светот се:

1. Сонцето,
2. Паузата,
3. Вежбите,
4. Диетата,
5. Самопочитта
6. Пријателите.

Грижете се за нив во сите фази од вашиот живот и уживајте во здрав живот… Ако ја видите месечината, ќе ја видите убавината Божја … Ако го видите сонцето, ќе ја видите силата Божја … Ако видите огледало, ќе го видите најдоброто Божјо суштество.

Во чест на Charlie Chaplin, еве неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за него.

Тој не победил на натпреварот на оние кои личеле на Charlie Chaplin – во 1915 година. Имено, Chaplin учествувал на натпревар на кој се бирала личност која личи на Charlie Chaplin. Неверојатно, судиите и публиката не сфатиле дека тој е вистинскиот! Наместо да победи, дома се вратил со третото место.

Тој бил одличен музичар и композитор – компонирал музика за многу негови филмови, иако никогаш немал соодветна музичка обука. Во 1972 година, добил Оскар за музика во Limelight (1952), која тој ја компонирал.

Бил побогат од претседателот на Америка

Тогаш на претседателот на Америка му плаќале 75.000 долари годишно. Во 1916 година, откако Chaplin потпишал договор со “Mutual Film Corporation од New York“, неговата плата се зголемила на 670.000 долари.

Одбивал да глуми во говорни филмови

Станувајќи еден од најпознатите претставници на немиот филм, Chaplin долго време одбивал да ја прифати аудио технологијата и дијалозите, иако звучната технологија станувала сè попопуларна во филмската индустрија.

Тој продолжил со сопствената идеја за кино, убеден дека звукот ќе го уништи филмот “Little Tramp“. Сепак, тој постепено воведува музика и други звуци во неговите подоцнежни филмови.

Тој никогаш не станал американски државјанин

Chaplin никогаш не станал американски државјанин, и покрај тоа што живеел во САД речиси 40 години. По филмот „Модерни времиња“ се здоби со репутација на комунистички симпатизер. Во 1952 година, американската влада му ја одзема лиценцата, што значи дека на Chaplin не му било дозволено да се врати во САД по неговиот одмор во Англија.

Како резултат на тоа, Chaplin се преселил во Швајцарија, каде што го поминал остатокот од својот живот. Во САД се враќа дури во 1972 година, за да го добие почесниот Оскар.

Имал четири помлади сопруги и 11 деца

Првиот брак на Chaplin бил со Милдред Харис во 1918 година. По нивниот развод, тој се оженил со актерката Лита Греј во 1924 година. Кога актерот имал 47 години, се оженил со својата трета сопруга Полет Годард. Неговиот четврти и последен брак бил со Oona O’Neill во 1943 година, кога Chaplin имал 54 години. Таа му родила 8 од 11-те деца и живееле заедно до неговата смрт.

Chaplin и шест од нивните осум деца во 1961 година. Од лево кон десно: Geraldine, Eugene, Victoria, Charlie Chaplin, O’Neill, Annette, Josephine и Michael.

Имал сини очи

Публиката секогаш верувала дека Chaplin има кафени очи. Ова е поради ерата на црно-белата кинематографија; повеќето луѓе не можеле да препознаат дека Chaplin имал преубави сини очи!

Го познавал Albert Einstein

Albert Einstein бил почесен гостин за време на премиерата на филмот на Chaplin City Light” во Los Angeles на 2 февруари 1931 година.

Albert Einstein и Charlie Chaplin

Постои астероид наречен Charlie Chaplin

Кога Људмила Карачкина го открила астероидот на главниот појас на 4 октомври 1981 година, четири години по смртта на актерот, таа одлучила да го именува 3623 Chaplin. Малкумина актери можат да кажат дека ја имале истата чест!

Неговата ќерка ја игра неговата мајка во неговиот биографски филм

Во 1992 година, Geraldine Chaplin ја играла улогата на нејзината баба Hana Chaplin во филмот „Chaplin “, адаптација на актеровиот живот.

Hana Chaplin и Geraldine Chaplin

Тој доби ѕвезда на Булеварот на славните дури во 1972 година

Единствениот пат кога Chaplin се вратил во САД по егзилот е 1972 година, кога конечно го добил својот прв Оскар и ѕвезда на Булеварот на славните. Проектот да му се даде ѕвезда започнал 20 години пред објавувањето, но првично е одбиен поради неговите политички ставови.