Top Sport

Сензација во Шамони – Грк го освои второто место во слалом

Анонимниот Грк, Еј Џеј Јанис ја обележа трката во слалом која се возеше во Шамони, Франција. Победи Швајцарецот Рамон Сенхојснер, а Јанис го освои второто место.

Рамон Сенхојзерн победи со вкупно време од 1:42.94. Првото возење го заврши за 50,43, а второто за 52,51.

Со фантастично второ возење, од 23. место на кое се најде по првото појавување на патеката, на второто место се проби Гркот Еј Џеј Јанис со 1:43.96. Јанис стартуваше со број 45.

Трет беше уште еден Швајцарец, Даниел Жил, кој заостана 1,06 секунди од победникот.

Во поредокот за слалом прв е Лукас Братен со 430 бодови, следува Жил со 394, а трет е Кристоферсен со 389.

По слаломот во Шамони нема промени во генералниот пласман, води Марко Одермат со 1.386 бодови, а зад него со 313 поени помалку е Норвежанецот Александар Омот Килде.

Scroll to Top