Здравата храна станува се попрофитабилен бизнис: Компаниите кои се бават со оваа дејност бележат континуиран раст на добивките

од Nikola Popovski

Здравата храна  станува се почест избор на македонските граѓани. Соочени со се постресниот начин на живот, намалената физичка активност, но и појавата на сериозни заболувања, за голем број луѓе здравата исхрана станува најлогичен избор. Автентична потврда на ваквата пракса се и податоците на „БизнисМрежа“ според кои неколку компании кои произведуваат ваков тип храна во последните неколку години остваруваат впечатливи резултати.

Како најбрзо растечка компанија на пазарот на здрава храна се препознава „АРОНИЈА ЗДРАВА ХРАНА ДООЕЛ увоз- извоз Скопје“ која во последните три години успеала тројно да ја зголеми својата добивка. Анализата на бројките покажува дека минатата година за ова друштво била исклучително добра бидејки успеале  добивката да ја зголемат за речиси 35%. Уште поголема потврда за одличните перформанси е фактот дека добивката во 2023 г. споредено со 2021 година, пораснала за повеќе од 160%. Позитивните резултати меѓу другото се должат на континуираното зголемување на понудата на палетата производи. Меѓу останатото, асортиманот постојано се збогатува со нови продукти во категориите макробиотика, зрнести производи, брашна (тестенини), мусли (снегулки), намази, ужина(десерти), напитоци…а особено широка е палетата на посни производи идеални за велигденски пости. За менаџментот на компанијата  резултатите се очекувани и се еднакво пропорционални на вложениот труд, но  и на желбата да излезат во пресрет на потребите на се попребивливите купувачи кои умеат да го препознаат вистинскиот квалитет.

Граѓаните веќе се свесни и знаат што е здраво. Растот на работењето се однесува на добрата организација и правилните чекори што се превземаат за стабилен раст и развој, како и препознавање на квалитетот на производите , што е најбитна ставка за задржување на старите и привлекување на новите клиенти“, посочуваат во „АРОНИЈА“ за Локално.

Според „БизнисМрежа“ најуспешна компанија во оваа дејност останува „ВИТАЛИА Никола“ и др. „ДОО експорт- импорт Скопје“. Нивната нето добивка во изминатата година изнесувала 1.48 милиони евра што е за речиси 11% поголема од 2022 година, но е за 10 %  пониска од остварената добивка во 2021 г. кога компанијата имала профит од 1,58 милиони евра.

На листата производители на здрава храна се и „Бар Брекфаст Фектори ДОО Скопје“ која од 2021 година па наваму бележи континуиран пад и на приходната и на расходната страна .Во однос на остварената добивка од 22.727 евра во 2021 г се зголемила на 176.367 евра во 2022 г но во 2023 г. се случува пресврт па компанијата годината ја завршува со минусно салдо.

Веднаш зад нив е „Витана Трејд ДООЕЛ Скопје“ која бележи раст на приходите во 2023 споредено со годината пред тоа, речиси двојно ги намалува расходите, но годината ја завршува со длабок минус на страната на добивката

К.В.С.

Слични содржини