EPA-EFE/SHAWN THEW

Џоел Ембид очигледно лошо ги прифаќа поразите, а за тоа најдобро говори плејоф серијата против Њујорк Никс, каде што игра сè полошо. Прво видовме како се обиде да го повреди Мичел Робинсон, потоа мизерно згазна на зглобот на Џош Харт, а потоа се обиде да го повреди Џејлен Брансон. Тоа секако не им се допадна на навивачите на Њујорк Никс кои дојдоа на гостувањето, па почнаа да го исвиркуваат од трибините.

Тоа продолжи и по натпреварот кога се појавија видеа на кои се гледа како скандираат „еб*те го Ембид“ по ходниците на „Велс Фарго центарот“, а потоа Камерунецот поради тоа ги нападна сопствените навивачи!

  • Разочарувачки… Ги сакам нашите навивачи, не ги нарекувам со имиња, но ова е разочарувачки. Очигледно е дека Никс имаат многу фанови и тие се блиски, но никогаш не сум видел вакво нешто. Јас сум тука десет години, особено затоа што Филаделфија се смета за спортски град, мислам дека вакво нешто не е во ред, прокоментира Ембид.

Филаделфија веќе почна да „брка“ ѕвезди на кои им истекуваат договорите за да направат за Ембид победнички тим. Сепак, по заминувањето на Џејмс Харден и смената на голем број играчи, малку суперѕвезди се подготвени да дојдат да играат со Ембид. Инаку, тој доби американско државјанство и ќе се обиде да го освои трофејот играјќи за САД на Олимпијадата во Париз.