Црна хроника
Претрес во Прилепско, пронајдени дрога и оружје
На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 73-годишниот В.Ц. од Крушево, извести МВР.
При претрес во неговиот дом во село Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопшти МВР.
Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.