Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

пред 2 месеци

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.

Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

Текстот Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top