Луис Енрике: Ова не е фер, немавме ич среќа

Тренерот на Пари Сен Жермен Луис Енрике беше многу разочаран по елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето од Лигата на шампиони. Францускиот првак во двата меча против Борусија Дортмунд не успеа да даде ниту еден гол и на крајот е елиминиран со вкупно 0:2.

Според шпанскиот стратег на клупата на ПСЖ, среќата целосно го им го сврте грбот.

„Мислам дека заслуживме многу повеќе од овој меч. Создадовме многу шанси. Среќата беше на нивна страна. Во два меча дури шест пати ја погодивме рамката на голот, но никако не успеавме да постигнеме гол. некако ова не е фер. Немавме среќа, но мора да останеме да бидеме позитивни. Не е сега моментот да ја аналзираме сезоната во ЛШ“, рече Енрике веднаш по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести