Вести Македонија Топ вести

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев, корифејот на нашата револуционерна борба за слободна и независна држава. Пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас се поклонија и положија цвеќе претседателот на државата Пендаровски и делегации од Владата, Собранието , Армијата, Сојузот на борците, политичките партии , претставници од дипломатскиот кор и др.

Да го продолжиме во иднина аманетот на Гоце Делчев, зашто тој е симбол на единството и на нашата државотворност. Ова го кажа заменичката претседател на СДСМ и носител на листа во изборната единица 3 за претстојните парламентарни избори, Сања Лукаревска .

  • Истиот е симбол на единството и секако на државотворноста , кој што се борел за слободна и просперитетна држава. Она кое што е аманет од Гоце Делчев, секако дека ние сме тие што ќе треба да го продолжиме и во иднина, кажа Сања Лукаревска, заменичка претседател на СДСМ и носителка на листа во ИЕ3.

А, носителката на листата во изборната единица 6 за парламентарните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, ги повика граѓаните да гласаат за да се зачува историјата и иднината на нашите деца.

  • Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија кои што ја ценат жртвата на Гоце Делчев , на борците од НОВ, да го одберат бројот 2 во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто, кажа Дафина Стојановска, носителка на листа во изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ.

А, во Законодавниот дом, традиционално беа врачени државните награди за особено значајни остварувања во интерес на Република Македонија , во областа на науката, кои го носат името на Гоце Делчев. Одборот за доделување одлучи годинава да бидат доделени две награди. На проф. д-р Иван Додовски и на проф.д-р Роберт Хадсон, за научниот зборник „ Долгата транзиција на Македонија , од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и на д-р Ана Мартоноска и на м-р Жарко Ивановски, за монографијата „ Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963, од архивските материјали на Васил Хаџиманов“. Во говорот пред присутните, претседателот на Одборот , академик Коцарев, се осврна на негирањето на македонското културно и духовно наследство од, како што кажа , соседите, ЕУ и некои домашни политичари.

  • Материјалните злосторства , големи и мали , се прават од користољубие. Меѓутоа , големите злосторства против човештвото се прават од верба и убедување, кажа академик Љупчо Коцарев, претседател на Одборот за доделување на наградата „ Гоце Делчев“.

А, од име на лауреатите, се обрати Ана Мартиноска, која истакна дека науката не треба да биде маргинализирана.

  • Се надеваме дека наградата ќе им даде видливост на нашите научни дела , да излезат од академските средини. Гласно да не опоменат дека вистинското богатство на државата е во интелектуалните сили на нејзините граѓани. Науката подразбира вложување на сиот интелектуален капацитет, во полза на својата држава и таа не смее да биде маргинализирана, ако сакаме прогрес и иднина, кажа д-р Ана Мартиноска, добитничка на наградата „ Гоце Делчев“.

Наградата „ Гоце Делчев“ се доделува од 1949 година, а прв добитник бил Блаже Конески.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе