На 12 септември властите во Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за персона нон грата.

Неодговорниот и непријателски чекор на властите на  Македонија нема да остане без одговор“, објави преку Х (Твитер) портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Како што веќе објави МКД.мк пренесувајќи текст на порталот на албански јазик Алмакос, македонското Министерство за надворешни работи ја известило Амбасадата на Русија дека троцја нејзини дипломати се прогласени за персона нон грата и дека тие имаат пет дена за да ја напуштат Македонија.

Повеќе на МКД.мк