Орданоски: Го гледав говорот на Мицкоски, јас поконфузен говор не сум видел на таков убедлив победник

од Nikola Popovski

„Го гледав говорот на Мицкоски, јас поконфузен говор не сум видел на таков убедлив победник, чијшто кандидат се натпреварува во претседателска кампања. Беше конфузен, како да беше и уплашен од успехот“ рече уредникот и колумнист Сашо Орданоски на интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека Мицкоски сега е во позиција кога не може да нема став, туку мора да донесе одлуки и да каже план за многу работи и низа на прашања.

Ордановски додаде дека Мицкоски е резултат на една политика којашто прави разни дилови со разни фактори во Македонија.

„Вчера конфузниот говор на Мицкоски ми делуваше како на човек кој е фатен на среде и не му е јасно сега што уствари него го чека. А јасно му е дека ќе го чека голема агенда. Бидејќи тој ќе сака да има брзи резултати, но некој од работите што му се ставени на маса со овие резултати ќе биде тешко да ги спроведе“, потенцираше Орданоски.

Слични содржини