Поврзете се со нас

Италија

Занети за играчот кој блеска во Серија А: Голем шампион, може да го донесеме во Интер

Објавено

на

Foto:instagram.com/javierzanetti

Интер игра навистина квалитетна сезона во која доминатно го освои трофејот во Серија А, потоа беше сигурен во Супер Купот на Италија, а единствениот кикс ако може да се каже дека е кикс е елиминацијата од Болоња во Копа Италија.

Сепак Болоња е состав кој е најпријатно изненадување во Калчото во актуелнава кампања и ако не се случи некое чудо, драстично да се променат работите ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2024/2025 што е огромен успех за клубот предводен од Тијаго Мота.

Еден од играчите кои најмногу се истакнуваат таму е 22-годишниот Џошуа Зиркзе кој во шампионатот има постигнато 11 гола и забележано 4 асистенции.

Тој отсекогаш важел за талент, му се предвидуваше блескава иднина, ама дури сега како да тргнува да го оправдува тие очекувања, а а за тоа се свесни доста големи клубови кои внимателно го пратат. чекаат соодветна прилика, група во која е и Интер.

-Зиркзе е голем шампион. Станува збор за млад, талентиран, интелигентен, физички многу силен играч. Некој таков би бил корисен за секој голем тим кој цели кон важни цели. Ако се појави можност, можеби можеме да размислиме за тоа, -порача потпретседателот на Интер, Хавиер Занети.

Холанѓанецот е под договор до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни