6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа вкусна храна го намалува апетитот и придонесува за слабеење

Оваа вкусна храна го намалува апетитот и придонесува за слабеење

Добро балансирана исхрана е еден од најважните фактори ако сакаме да изгубиме тежина.

Има намирници кои мораме да ги избегнуваме за да ги постигнеме посакуваните ефекти, но има и такви кои би можеле да ги вклучиме во секојдневната исхрана.

Нутриционистката Гуна Биланде откри која храна може да помогне во губењето килограми.

„Грчкиот јогурт е нутритивна моќ. Тој е полн со протеини, пробиотици и есенцијални хранливи материи и има уникатна комбинација на својства што го прават одличен за контрола на тежината“, истакна таа.

Постои студија од 2021-ва година која покажува дека грчкиот јогурт, кога се зема со јаглехидрати, го намалува шеќерот во крвта и апетитот, благодарение на неговата висока содржина на протеини.

Покрај тоа, грчкиот јогурт е добар и како ужина, бидејќи дава чувство на ситост, а 100 грама содржи 72 калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП