logo
logo
logo

Видео: Дрон се урнал и експлодирал во Русија

Vecer | 26.03.2023

Видео: Дрон се урнал и експлодирал во Русија

„Експлозија одекна во Киреевск во областа Тула во Руската Федерација. Локалните медиуми јавуваат за пад на дрон. Неколку куќи се оштетени. Две лица се со рани од шрапнели“, објави Ноел, налог што ги следи вестите за конфликтот во Украина на социјални медиуми.

Пронајдените остатоци од дронот, кои наводно биле снимени, укажуваат дека се работи за модел „ту-141 стриј“.

„Собореното беспилотно летало без идентификација и официјални ознаки е пронајдено на поле далеку од станбени згради“, се вели во соопштението на регионалните безбедносни сили.

Делови од украинскиот дрон „Ту-141 Стриж“ се пронајдени на местото на експлозијата во градот Киреевск во областа Тула во Русија, во која се повредени три лица, соопшти денеска портпаролот на руските органи на редот.

„Истражувачите пронајдоа делови од украинското беспилотно летало „Ту-141 Стриж“ на местото на експлозијата во Киреевск“, изјави портпаролот за ТАСС.

Падот на дрон со муниција може да биде причина за експлозијата во Кирејевск во руската област Туск, во која се повредени две лица, изјави за РИА Новости претставник на брзата помош. „Според прелиминарните информации, се урнал вооружен дрон“, рекол изворот.

Растојанието од местото до Москва е околу 250 км.

Базата наведува дека дронот е со големина од 290 на 120 см, повикувајќи се на свои извори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk