Поранешен соиграч на Робињо и Алвеш им порача: „Да го направевте тоа на моја ќерка…“

Во Бразил и тоа како владее огорченост поради неделата на двете поранешни големи ѕвезди на бразилскиот и светски фудбал, Робињо и Дани Алвеш кои се осудени за силување.

Робињо е осуден од страна на италијанскиот суд во 2017 година, на девет години затвор поради групно силување во 2013 година, додека бил играч на Милан. Казната беше потврдена минатата година, па сега ќе мора да ја издржува во родниот Бразил со оглед на тоа што оваа земја нема договор за екстрадиција со Италија.

Неговиот поранешен соиграч Дани Алвеш, пак, е соочен со казна затвор од 4,5 години по обвинението за сексуално злоставување на 22-годишна девојка на крајот од 2022 година. Алвеш беше пуштен од затворот во Барселона по исплатена кауција од еден милион евра, но јасно е дека нема долго да биде на слобода.

Поранешниот бразилски репрезентативец и нивни соиграч, Фелипе Мело, се одлучи во јавноста да прозбори за нивните случаи.

„Имам ќерка од 15 години. Тоа да го направеле на моја ќерка, мислам дека денес не би бил на слобода. Мора да го почитуваме секое човечко суштество, мора да ги почитуваме жените“ – вели Мело, кој се потсетува и на моментот кога дознал за овие вести.

„Тоа ви доаѓа како бомба, но мора да платат за тоа што го направиле. И тоа да биде сериозна порака за сите други. Ова е навистина нешто сериозно. Мора да платат, а откако со затвор ќе ја платат казната мора потоа да се ресоцијализираат. Факт е дека нешто не е во ред со нив“.

Иако има 40 години, Фелипе Мело и натаму е активен фудбалер настапувајќи за Флуминенсе во Бразил. Претходно во својата кариера играше за Интер, Галатасарај, Јувентус, Алмерија. За Бразил има 22 настапи и постигнати два гола.

Се вчитува...