Жирона ја совлада Барселона и го круниса Реал Мадрид во нов шампион

Екипата на Реал Мадрид е новиот шампион на Шпанија, откако денеска Барселона беше поразена од Жирона, и така „кралевите“ се стекнаа со недостижна предност од 13 бодови на четири кола до крајот.

„Кралевите“ претходно го совладаа Кадиз и така требаше само Барселона да не го победи тимот на Жирона, за да дојдат до нова шампионска титула.

Жирона благодарение на одличната игра во вториот дел, успеаја да дојдат до пресврт и до триумф, откако Барса водеше на полувремето.

Кристенсен во 3. минута од средбата, а Довбик само една минута подоцна израмни. Левандовски од пенал во последните секунди од првиот дел поведе. Но Жирона направи пресврт со головите на Порту, Гутиерез и Порту направи пресврт и дојде до победата, така крунисувајќи го Реал Мадрид за нов првак.

Се вчитува...