Општество
Симон Трпчески прогласен за почесен граѓанин на Општина Босилово
08.10.2024
Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески од денеска е почесен граѓанин на Општина Босилово.
Веста ја соопшти градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, на својот фејсбук-профил, а одлуката за доделување плакета е донесена на 10 април годинава, по повод Денот на Општината.
- Честа и задоволството е обострано и големо. Мило ми е што еден голем Македонец, голем родољуб, светски признат и почитуван уметник како Симон Трпчески е дел од нашата локална заедница. Да се надеваме дека во иднина ќе имаме можност уште еднаш да го видиме Симон Трпчески на концерт во нашата општина, напиша градоначалникот Манчев.
Mајката на Симон Трпчески по потекло е од селото Секирник, Општина Босилово.
Извор МИА
Фото: Општина Босилово