Страотно откритие во Авдеевка: Русите ексхумирале тела на цивили со траги од тортура, покрената е истрага

402

Во градот Авдеевка во областа Доњецк, кој беше окупиран од руските сили минатиот месец, откриени се закопани цивили со траги од тортура, соопшти денеска Истражниот комитет на Русија.

Во соопштението објавено на „Телеграм“ се наведува дека е покрената истрага за „најновите злосторства на вооружените формации на Украина“ врз цивили од регионите Керсон, Запорожје и Доњецк.

Се истакнува дека истражителите ќе ги утврдат сите околности на инцидентот и ќе ги идентификуваат „инволвираните во извршувањето на злосторствата“, пренесува РИА Новости. Руските сили ја презедоа контролата врз Авдеевка, северно предградие на Доњецк, на 17 февруари.

Официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Роџон Мирошник, подоцна за руската агенција изјавил дека, според првичните информации, во Авдеевка „постојат тајни места за мачење и закопување“.