Меџити: Идното мнозинство со над 75 пратеника – Османи: Мицкоски може да ги кани ВРЕДИ само на кафе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Додека се чекаат резултатите од парламентарните избори на 8 мај, политичките партии веќе започнаа разговори за формирање на новиот владин состав, потпирајќи се на резултатите од првиот круг од претседателските избори. Од коалицијата ВРЕДИ се убедени дека ќе бидат дел од идната Влада, а како што вели Изет Меџити, мнозинството во парламентот ќе го сочинуваат над 75 пратеници. Меџити не кажува дали во игра за парламентарно мнозинство е и Движењето Знам на Максим Димитриевски, но вели дека има неколку комбинации.

Но Бујар Османи од Европскиот фронт вели дека граѓаните се тие кои на избори ќе одлучат кој ќе ги претставува во Владата. Додава дека Мицкоски ако сака може да ја покани ВРЕДИ само на кафе или како дел од коалицијата „Македонија повторно твоја“.

Инаку, како што најавија во последните неколку дена од коалицијата ВРЕДИ, нивната цел е во идната Влада да раководат со сектори на МВР и сектори за борба против криминалот и корупцијата. Во меѓувреме, двата албански блока, Европскиот фронт и ВРЕДИ, меѓусебно се судрија за тоа кој од нив е легитимен претставник на Албанците на изборите.