58 годишна жена го сруши Гинисовиот рекорд за најдолго држење планк

58 годишна жена е препознаена од Гинисовите светски рекорди дека го скршила рекордот за најдолго време во планк позиција од жена.

Дона Џин Вајлд држеше планк 4 часа, 30 минути и 11 секунди и го скрши рекордот на нејзиното поранешно работно место, средното училиште Марграт, град во Алберта Канада на 21 март. Тајмингот на Вајлд е 10 минути подолг од претходниот рекорд од 2019 година кој го држеше исто така Канаѓанка, Дана Гловацка, според Гинис.

Вајлд изјавила за Гинис дека изворот на мотивација за рушењето на рекордот се нејзините 12 внуци кои дошле да ја бодрат кога го изведувала потфатот.

Вајлд започнала да држи пленк пред 12 години кога по повреда на зглобот не смееле веќе да крева тегови или да трча. И покрај живеење со хронична болка во нејзините раце и дланки, Вајлд вели дека го засакала пленкот кога сфатила дека може да прави и нешто друго додека ја изведува фитнес вежбата, како на пример да чита книга.

Вајлд, пензионирана заменик-директорка и професорка во средно училиште, оттогаш завршила со магистратурата додека вежбала планк и продолжила да вежба и до три часа на ден. Додека вежбала за да го собори рекордот, Вајлд вели дека вежбала и до шест часа дневно.

Вајлд, за Гинис вели дека првите два часа од нејзиниот обид за соборување на рекордот биле многу лесни, но последните неколку часа биле потешки, почнале да ја болат лактите и квадрицепсите, но таа била решена да остане фокусирана.

За секој друг инспириран да го собори рекордот што таа го постави, Вајлд има неколку совети:

„Продолжете да се обидувате и продолжете да вежбате“, изјави Вајлд за Гинис. „Кога треба да читате или да работите на вашиот компјутер, само спуштете се на подот и направете го тоа на подот“.

 

Back to top button
Close