Атлетик Билбао и Ајнтрахт Франкфурт ќе победат, ефикасно ќе биде во Англија и Италија (Фото)

1031 Оксфорд ј. – Стивениџ (21:00)

Дуел од англиската Лига 1, односно третото по ранг англиско натпреварување, кое има големо значење за домашната екипа. Оксфорд јунајтед со победа ќе биде многу блиску до пласман во плејоф-разигрувањето. Домашните се фаворити и со оглед на победата на првиот натпревар од 1-3 на гостувањето кај Стивениџ. Нивните меѓусебни дуели секогаш биле ефикасни, на последните шест меча имало најмалку по два гола, а на последните три било 3+.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.81)

 

1301 Атлетик Билбао – Гранада (21:00)

Атлетик Билбао сè уште се надева дека може да дојде до пласман на четвртата позиција и да се пласира во групите на Лигата на шампионите. Имаат четири бода заостанување и за да ја продолжат трката, потребна им е победа над претпоследната Гранада, која полека, но сигурно се збогува од шпанската Ла Лига и се подготовува за настап во Сегунда.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.88)

 

3002 Каљари – Јувентус (20:45)

Информацијата дека Италија следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите значи мирна завршница на првенството за Јувентус. Денес гостуваат кај Каљари, кој сè уште го нема обезбедено опстанокот, па ќе мора да нападне против Јувентус. Последните три натпревари на Каљари завршуваа „гол-гол“, а така завршија и последните два меѓусебни дуела на овие екипи.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.65)

 

3001 Џенова – Лацио (18:30)

Лацио води голема битка за излез во фудбалска Европа, додека Џенова мирно го чека крајот на првенството во златната средина на италијанската Серија А. Двете екипи се познати како ефикасни, а нема причина зошто да не биде така и вечерва. Последните три натпревари на кои настапи екипата на Џенова завршуваа најмалку со два гола.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.30)

 

1801 Ајнтрахт Ф. – Аугсбург (20:30)

Ајнтрахт Франкфурт и Аугсбург во директен дуел ќе се борат за подобра позиција пред финишот на првенството за излез во фудбалска Европа. Домаќините се во предност, му бегаат на противникот три бода и го пречекуваат на домашен терен, што е одлична можност да го зададат и конечниот удар во борбата за Европа.

Предлог тип: 1 & Т12+ (2.01)

- Оглас -

Најнови вести