5 чекори до промена на негативните уверувања за себе

Начинот на кој нашите родители/старатели и наставници се однесуваа со нас додека бевме мали, што тие мислат за нас, како се чувствуваме за себе преку нивниот однос со нас – врз сето тоа се базира нашето верување за тоа што заслужуваме или не заслужуваме во животот и кои сме.

Меѓутоа, како возрасни треба да ги отфрлиме сите негативни уверувања за себе и да размислиме дали е навистина така или сме го прифатиле како наш идентитет што некој друг ни го „залепил“.
Само затоа што нешто е вкоренето во нашиот ум не мора да значи дека е вистина.Во основа, ние не сме такви какви што нашите родители сметаат дека сме, особено кога ни фрлаат негативни проекции во кои голем удел имаат и нивната болка и трауми. Сега е време да се анализираме одново и да создадеме ново „јас“ што ќе ни користи во животот.

Пример за тоа како би можеле да работиме на промена на уверувањата:
1.Станете свесни за вашите негативни уверувања – кои знаете дека не се вистинити, но се многу штетни во вашиот живот.
2.Земете парче хартија и нацртајте линија на половина од хартијата. Напишете ги негативните уверувања на едната страна, а новите промени на другата страна.
3.Прво запишете ги негативните уверувања.
4.На другата страна на хартијата напишете го позитивните, но со наведување примери од секојдневието преку кои веќе сте го докажале спротивното. На пример, доколку негативното уверување е дека „не сум доволно добар/а“ – од другата страна, тоа би можело да биде „да видам каде сум веќе доволно добар/а“ и потоа да ги наведете оние ситуации во кои навистина сте се потрудиле да дадете сè од себе.
5.Сега запишете ги сите позитивни реченици на друг лист хартија и читајте ги секоја вечер пред да заспиете – за да влезат во вашата потсвест.

Обидете се со горенаведеното неколку месеци додека секојдневно собирате докази за позитивното во вас. Имајте на ум дека сè што ви е потребно е време, труд и упорност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.