Турската полиција во акција: Уапсени 36 лица

од Симе Стоиков

Турските власти приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во четири области во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во објава на медиумската платформа „Икс“, Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација.

Министерот додаде дека во рамки на акциите полицијата запленила и неколку пушки и пиштоли без дозвола.

Слични содржини