Поврзи се со нас

Гостивар

Половина век од матура на третата генерација машинци од „индустриско“ Гостивар: Многу учевме и имавме слога!

Објавено

на

Од училишните клупи на средното техничко училиште во Гостивар излегле во далечната 1973 година, а денес повторно седнаа во столчињата од своите средношколски денови на класен час, со кој одбележаа 50 години од матурирањето.

Со позитивна енергија, насмеани и среќни што имаат прилика да се видат и дружат, „златните матуранти“ најпрво се собраа во училишниот двор, разменија поздрави и прегратки, споделија спомени од времето кога учеле заедно, зборнаа за својот сегашен живот, си кажаа и по некоја шега, а по заедничката фотографија пред школскиот објект одржаа класен час…

„Ние сме третата генерација машинско од училиштето „Злате Малаковски“ и во тоа време, кога учевме овде имаше само една зграда. Може да кажам дека бевме многу добар клас, навистина учевме и понатаму скоро сите завршија факултет, најголемиот дел машински инженери по струката. Имаме многу убави спомени од средношколските денови, но најмногу се сеќаваме на екскурзијата што ја направивме низ тогашна Југославија во втора година. Ја поминавме цела Југославија заедно, ги видовме сите знаменитости, тоа беше убаво доживување наше заедничко“, рече Жарко Бибовски, од иницијативниот одбор за прослава на матурскиот јубилеј.

Класот броел 37 ученици, а класен раководител им бил Никола Гајдаџиев, кој денес живее во Дојран и за жал беше спречен да присуствува на јубилејот. Во класот десетина биле девојки, што не било баш вообичаено за струката во тоа време. Дел од дамите денес беа на прославата и со големо задоволство се потсетија на тогашните времиња.

„Многу ми е мило што после толку години поминати еве се гледаме повторно, се дружиме. Бевме многу убаво друштво, многу убав клас и многу учевме и имавме голема слога меѓу себе. Тие години како сме ги поминувале заедно и после толку време не се заборава. А се дружевме и машки и женски. Инаку ние бевме клас со најмногу женски во однос на другите.“, кажа Славка Манасиевска.

На класниот час присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на школските другари кои веќе не се меѓу живите.

Прославата на пет децении матурирање генерацијата ја продолжи на заедничка боемска веселба.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена