Top Sport

Тите: Не верувам дека Миленковиќ сакаше да го повреди Нејмар

Бразилскиот селектор Тите вели дека очекува Нејмар да биде подготвен да заигра во остатокот од Светското првенство и не го обвинува српскиот дефанзивец на Фиорнетина, Никола Миленковиќ за неговата повреда.

Повредите на Нејмар, но и на Данило ја засенија импресивната 2:0 победа во четвртокот, откако и двајцата добија повреди на скочните зглобови и речиси сигурно нема да заиграат во преостанатите два меча од групната фаза. Нејмр неколку пати беше фаулиран од страна на српските фудбалери, но стартот на Миленковиќ во второто полувреме ја предизвика повредата.

„Не се работеше за толку опасен старт, фудбалерот не сакаше да го повреди Нејмар. Можеби некој пред него сакаше да се случи тоа. Не сфатив колку тој е повреден веднаш и требаше да го заменам“, вели Тите.

Scroll to Top