Идризи главен во Битола, Василевски во Радовиш, Иванов ќе им суди на Саса и Новаци

ФОТО: Телевизија М Нет

Утре на програмата се натпреварите од 25. коло од Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судии кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари.

Фуркан Идризи ќе биде главен во Битола каде ќе играат Пелистер и Охрид, полошкото дерби меѓу Арсими и Беса ќе го суди Александар Урошевиќ, на Скопје и Тетекс ќе им суди Доне Ристовски.

Мечот меѓу Вардар Неготино и Башкими ќе го суди Марјан Стојановски, Бењамин Ќерими ќе им суди на Караорман и Победа, Марјан Дејаноски ќе биде главен во Гевгелија каде ќе играат Кожуф и Осогово.

Во Радовиш ќе се одигра дербито на Истокот каде главен судија ќе биде Александар Василевски од Скопје, а пак Игор Иванов ќе го суди дербито за опстанок меѓу Каменица Саса и Новаци.

Сите натпревари ќе започнат во 16 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 25. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Пелистер – Охрид, Фуркан Идризи (Тетово)
Арсими – Беса, Александар Урошевиќ (Тетово)
Скопје – Тетекс, Доне Ристовски (Гевгелија)
Вардар Неготино – Башкими, Марјан Стојановски (Кичево)
Караорман – Победа, Бењамин Ќерими (Скопје)
Кожуф – Осогово, Марјан Дејаноски (Кичево)
Детонит Плачковица – Беласица, Александар Василевски (Скопје)
Каменица Саса – Новаци, Игор Иванов (Велес)

Александар Ванев, М-Нет