Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната спринт трка за Големата награда на Кина во рамки на Формула 1 шампионатот.
Возачот на Ферари утринава беше најбрз во спринт квалификациите со време од 1 минута, 30 секунди и 849 илјадитинки. Во првиот стартен ред на Хамилтон друштво ќе му прави големиот ривал Макс Ферстапен од Ред Бул, а зад нив ќе тргнат Оскар Пиастри и Шарл Леклер.
Меѓу најдобрите десет се квалификуваа и Џорџ Расел, победникот на првата сезонска трка во Австралија, Ландо Норис, потоа Кими Антонели, Јуки Цунода, Александер Албон и Ленс Строл.
Спринт трката е утре со почеток во четири часот наутро по средноевропско време, а потоа во осум часот ќе бидат и квалификациите за трката. Главната трка е во недела со почеток од осум часот.