УНЕСКО пресече, во центарот на Охрид може да се гради катна гаража

УНЕСКО пресече, во центарот на Охрид може да се гради катна гаража

Министерката за култура контра Националната комисија за Унеско-од позиција на претседател не дава согласност и ја спори изградба за катна гаража во Охрид.Со ова, таа ја погазува одлуката на комисијата на Унеско која со 8 гласа “за” и 4 “против” даде зелено светло за изградба за објектот кој е од суштинско значење за градот.

-Имавме доволно време пред почетокот на летото да добиеме одобрение за градба и да ја започнеме постапката за изградба на катна гаража која сами ќе ја финансираме,вели градоначалникот Пецаков.Се согласив –додава тој на се’,прифатив се’ што бараше Националната комисија на Унеско само градот да го добие овој комерцијален објект,дури и со помала катност,но овој инает кој го тера министерката за култура не личи на ништо.

 Нападите кои што конкретно се поврзани со Охрид а се инспирирани или инструирани од страна на министерството за култура,се повеќе од  хајка ама од друга страна не доликуваат затоа што не држат воопшто.Имаме работа со човек кој што ниту ја познава материјата, а уште помалку ја владее,а очигледно ниту сака да ја научи и единствениот кочничар на Охрид од денешен аспект е лично министерката”-вели Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Туристичкиот центар соочен со сообраќаен хаос и блокирани улици,при секој налет на гости буквално не функционира,но и покрај тоа,за министерката за култура катната гаража не било објект од јавен интерес.

Од јавен интерес градби се училишта, градинки, спортски терени, меѓутоа катна гаража баш не е-рече Бисера Стојческа,министер за култура

Инаку уште на почетокот на ланската година се одржа јавна дискусија на која беа присутни претставници на сите релевантни институции.По извршената стручна контрола проектот доби позитивно мислење од охридскиот Завод и музеј,а сега и Националната комисија на Унеско, но министерката за култура повторно ја оспори градбата на катна гаража.Луѓето купуваат плацеви на месечина, а Охрид 30 години се расправа со изградба на катна гаража-коментираат охриѓани.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста