Top Sport

Сензација во Индијан Велс, лаки лузер го елиминира Ѓоковиќ

Лука Нарди, 123. играч на АТП листата, приреди сензација на Мастерсот во Индијан Велс со елиминацијата на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ.

Нарди, кој на турнирот влезе како лаки лузер, славеше во три сета со 6:4, 3:6, 6:3.

„Мислам дека никој досега не слушнал за мене. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Презадоволен сум”, изјави Нарди по мечот.

Пред четири недели, Нарди, тенисер кој е 462. во светот, а сега го победи најдобриот.

„Не знам човече. Навистина не знам. Мислам дека ова е чудо. Имам 20 години и сум 100 позиции пониско рангиран од Новак кој го победив. Лудо”, додаде Нарди.

Инаку, во четири од последните пет порази, ривали на Новак беа Италијанци.

„Му честитам бидејќи играше одличен тенис во третиот сет. Го гледав како игра. Не знаев многу за него, но го гледав како игра и знаев дека игра одлично од основната линија, особено форхендот. Добро се движи . Му помогнав да игра добро, јас не го правев тоа. Направив навистина страшни неизнудени грешки. Играв прилично дефанзивно. Не бев многу на топката во третиот сет. Играше слободно и агресивно, доволен му беше брејкот при 3:2 во третиот сет. Денеска беше малку ветровито. Сосема спротивно од она што се случуваше претходните денови на тренинг и на првиот меч. Тоа не е оправдување. Требаше да биде многу подобро. Повторувам, секоја чест за него”, рече Ѓоковиќ.

Scroll to Top