Свет Светскиот економски форум

Во Ријад ќе се одржи средба на арапски и европски дипломати

Од европските министри во Ријад ќе допатуваат францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн и шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

Во Ријад ќе се одржи средба на арапски и европски дипломати

Високи арапски и европски дипломати викендот ќе присуствуваат на седница на Светскиот економски форум, што се одржува во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Средбите ќе бидат посветени на ситуацијата во Појасот Газа.

На дводневниот специјален состанок на Светскиот економски форум, што треба да почне на 28 април, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Јордан, Египет и Турција.

На седницата посветена на Појасот Газа, што ќе се одржи на 29 април, предвидено е да учествуваат новоименуваниот палестински премиер Мохамед Мустафа, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и координаторката за помош на Обединетите нации за Газа, Сигрид Каг.

Од европските министри во Ријад ќе допатуваат францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн и шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

To top