Израел се подготвува наскоро да почне воена офанзива во Рафа

Израелските медиуми, базирано на информации од воени извори, пренесуваат дека Израел се подготвува наскоро да започне воена инвазија врз Рафа, градот на југот на Газа каде се преместија стотици илјади граѓани, бегајќи од воените дејствија на северот на опколената палестинска енклава.Според јавниот радиодифузен сервис КАН, кој се повикува на неименувани израелски воени извори, војската се подготвува за копнена инвазија во Рафа, која би вклучила „евакуација на значителен број жители“. „Според планот на армијата, од повеќе од еден милион Палестинци во Рафа ќе биде побарано да ја евакуираат областа во засолништата кои неодамна беа формирани во јужните и централните делови на Појасот Газа“, соопшти телевизијата.САД изрази загриженост за потенцијалната офанзиваАрмискиот врв на САД сè уште е загрижен за потенцијална израелска копнена инвазија во градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопшти Пентагон.Говорејќи на брифинг со новинарите, портпаролот Пат Рајдер потсети на состанокот меѓу американските и израелските официјални претставници на кој тој рече дека двете земји се согласиле за „заедничка цел“ да ја поразат групата на отпорот Хамас и ги споделиле своите ставови за Рафа.„Ние ги споделивме нашите грижи во однос на тоа како изгледа нивниот план. Ние сè уште сме загрижени во смисла на различни аспекти на тие активности. Така што, ќе продолжиме да дискутираме за овие грижи поврзани со нивните планови како ќе ги земат в предвид безбедноста на цивилите и хуманитарната помош“, рече Рајдер.

Пронајдете не на следниве мрежи: