Радио Милева тага и празнина

Tea Трајковска  за „Бекстејџ“ зборуваше за Андреј ДНК: „Што и да кажам ќе биде премалку, времето ова не може да го излечи“ (видео) 

Tea Трајковска  за „Бекстејџ“ зборуваше за Андреј ДНК: „Што и да кажам ќе биде премалку, времето ова не може да го излечи“ (видео) 

Младата пејачка Теа Трајковска  за „Бекстејџ“  проговори за моменти со колегата Андреј ДНК, кој трагично загина во пожар на 16 март за време на настап во клубот „Пулс“ во Кочани.

Теа сè уште не може да се помири со тоа дека за Андреј треба да зборува во минато време, за тоа каков беше.  За неа Андреј уште е, и поради тоа во текот на интрвјуто така и ќе зборува за него.

Теа вели дека што и да каже за Андреј ќе звучи премалку бидејќи нема доволно зборови што може да кажат какви навистина биле луѓето што ги изгубивме.

Првото нешто што таа го чувствува кога ќе помисли на Андреј е огромна тага и празнина, меѓутоа кога се присеќа на неговата енергија после првата тага чувствува насмевка на тоа каков беше Андреј.

Кога ќе го надминеме овој шок според Теа ќе го паметиме само по убавите работи, по големата душа која ја имаше.

Погледнете го целото интервју во продолжение:

„Амајлија“ беше заедничка музичка соработка на ДНК со помладата колешка Теа Трајковска. За песната што ја промовираа пред девет месеци и за истата снимија и спот, а за реализацијата поминаа неколку заеднички денови снимајќи заедно на популарното туристико место Златибор.

 

фото: printscreen/YouTube/Backstage Media

To top