Љуботен и Саса во битка и за вториот трофеј: Женскиот Куп на Македонија ќе се додели во Велес

Екипите на Љуботен и Каменица Саса ќе играат за трофејот од женскиот фудбалски Куп на Македонија откако забележаа победи во полуфиналето и закажаа реприза на ланското финале.

Актуелниот освојувач на двојната круна и лидер на табелата, тетовски Љуботен, без поголеми проблеми во полуфиналето ја совлада Тиверија со 5-1 на домашен терен, додека Каменица Саса, многу потешко од очекуваното, славеше над битолскиот Топ Гол на домашен терен со 2-1.

Тоа значи дека во финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе гледаме реприза на ланското финале, кое оваа година ќе се одигра на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес.

Мечот е заказан за во среда, 15 мај, со почеток во 16 часот.

Минатата година во финалето, кое се одигра на стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје, екипата на Љуботен победи со убедливи 4-0. Овие две екипи и во првенството водат голема битка за титулата. Љуботен во моментов има бод предност токму пред Каменица Саса, која и претходните две сезони завршуваше на втората позиција на табелата, веднаш зад екипата од Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести