„Специјалниот“ не сака да работи само со еден човек

187
epa10191982 Roma's head coach Jose Mourinho reacts during the Italian Serie A soccer match between AS Roma and Atalanta BC in Rome, Italy, 18 September 2022. EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Изминатиот викенд Жозе Мурињо ја посети родната Португалија каде го следеше Мото ГП, а 61-годишниот стручњак беше принуден да даде неколку интервјуа, а новинарите најмногу ги интересираше кога ќе се врати на тренерската работа и кого ќе води.

Последната работа на Мурињо беше во Рома, но неодамна доби отказ по серијата лоши резултати. Така од јануари „Специјалниот“ нема работа, но од лето би можел повторно да биде активен.

И додека сè уште го чекаме новиот клуб или можеби дури и репрезентација, едно е сигурно – Жозе никогаш повеќе нема да работи со еден човек.

„Не ми е гајле што вели Пинто (поранешен спортски директор на Рома). Никогаш повеќе нема да работам со него. Вистината е дека не губам ниту секунда во читање или слушање интервјуа на господин Тиаго Пинто. Не се замарам со нив, изјави Мурињо и додаде:

„Тешко е да се разбере како може да биде отпуштен тренер кој два пати по ред стигнал до европското финале. Тоа е единствената чудна работа“ додаде Португалецот наместо кој управата на римскиот клуб го ангажираше поранешниот играч Даниеле Де Роси, кој навистина одлично си ја врши работата во моментов на „Олимпико“.

На прашањето кога и кого ќе преземе, Жозе одговори: “Во моментов нема вести. Немам клуб, слободен сум. Но сакам да работам, сакам да работам од лето”.

Мурињо беше прашан од новинарите дали размислувал за враќање во португалската лига.

„Никогаш не треба да кажувате не, особено не во фудбалот“, заклучи поранешниот тренер на Порто, Интер, Челзи, Реал (М), Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома…