Учениците презентираа годишни проекти од областа на архитектурата, градежништвото и геодезијата

190

Во организација на Градот Скопје и средното училиште „Здравко Цветковски“ во МКЦ се реализираше завршната изложба на средношколските годишни проекти.

Учениците од ова скопско средно стручно училиште ги презентираа нивните годишни училишни проекти од областа на архитектурата, градежништвото и геодезијата. Со своите дела од областа на уредувањето, внатрешниот дизајн и иновативните предлог проекти, вешто користејки повеќе техники, макети и ликовни трудови изработени од талентираните ученици,тие на најдобар начин го презентираат својот огромен потенцијал.

Изложбата ја отвори градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која истакна дека заедничката реализација на проектите посветени на знаењето, креативноста, талентот и вештината на нашите средношколци, искажани низ образовните и воннаставните активности во текот на училишната година се огромен испех за учениците, родителите и наставниот кадар.

-Изложбата е одлична можност за учениците да ги презентираат своите вештини, креативност и знаење пред пошироката јавност, но и сопствената визија за просторниот и урбан развој – потенцираат од Град Скопје.