Top Sport

Рашфорд му се заблагодари на „идолот“ Роналдо за тоа што го направил за Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд му посака на својот „идол“ Кристијано Роналдо многу среќа во иднината по неговото заминување од Манчестер јунајтед, оценувајќи дека бил многу среќен што имал искуство да игра покрај Португалецот.

Јунајтед и Роналдо се договорија за раскин на договорот по неговото контроверзно интервју со Пирс Морган пред стартот на Светското првенство, а и покрај тоа што Роналдо ги критикуваше помладите фудбалери на Јунајтед дека не работат доволно добро, Рашфорд имаше само убави зборови за веќе поранешниот соиграч.

„Беше неверојатно искуство да се игра покрај него. Тој ми е еден од идолите кои секогаш сум ги почитувал и кои ми биле пример. Тоа ќе биде со мене засекогаш и сега сакам да му посакам се најдобро во иднината и треба да му се заблагоариме за сите работи кои ги направи за Ман јунајтед“, вели Рашфорд.

Scroll to Top