Евролигашки, АБА лигашки и македонски плејоф, богата кошаркарска понуда за вечерва (Фото)

Љубителите на кошарката вечерва ќе имаат што да гледаат, од македонска, преку јадранска, до Евролига, и секаде е плејоф, што ја прави возбудата поголема и можеби обложувањето на овие мечеви попривлечно.

МЗТ Скопје Аеродром после разочарувањето во АБА 2 лигата, сега целосно ќе се фокусира на одбрана на титулата во домашното првенство. Металците се големи фаворити за победа против ТФТ, хендикеп границата е на 10,5 поени, а првиот меч во ова полуфинале МЗТ го доби со тесни 79-77. Може да се одигра и на број на поени на секој тим посебно и на цел меч, поени во прва четвртина, полувреме-крај, итн.

Во АБА лигата, чудо би било ако во финалето не играат евролигашите Црвена ѕвезда и Партизан. Белградските ривали водат со 1-0 во своите полуфинални битки, а вечерва гостуваат кај екипи кои ги добија убедливо на првите мечеви. Ѕвезда беше подобра од Мега со 30 поени разлика, а Партизан го победи Будуќност со 11 разлика.

Панатинаикос и Макаби Тел Авив во Атина ќе решаваат кој ќе оди на фајнал-форот во Евролигата. Откако ПАО спаси меч-топка на противникот и дојде во ситуација да игра мајсторка дома, тешко дека ќе ја испушти шансата.

Во Sport Life има одлична понуда и на играчи од Евролигата и АБА лигата за кои може да се обложите како ќе одиграат вечерва.

Од Макаби и Панатинаикос има 14 играчи на кои може да типувате дали ќе одат во плус или минус поени од зададената граница, а има и поединци во понудата за скокови и асистенции.

За дуелите од АБА лигата, во Sport Life одлична е листата на понудени стрелци, па може да се искомбинира привлечен кошаркарски тикет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести