Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

Бектеши: Да направиме договор – Tој што ќе изгуби на изборите веќе да не се занимава со политика

Објавено

на

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е авторизиран да преговара со сите политички партии, невладини организации, интелектуалци, активисти и слично во делот на можно коалицирање за наредните парламентарни избори. И тоа веќе го прави. Во делот на коалицијата со СДСМ во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

  • Сите опции се отворени до крајниот рок кога се доставуваат листите. Веќе знаеме дека во делот на претседателските избори ние имаме наш кандидат кој прави одлична кампања до овој момент, е најподготвениот кандидат од сите можни кандидати, најискусниот кандидат во делот на меѓународната политика, во делот на безбедносната политика. Би ги охрабрил сите други кандидати на политичките партии да излезат на отворени дебати со Османи и граѓаните да оценат согласно тоа што се понудува и согласно тоа што е сработено во надлежностите што ги има претседателот на нашата држава согласно Уставот, рече Бектеши во одговор на прашање при денешното одбележување на Светскиот ден на потрошувачите.

Нагласи дека во делот на парламентарните избори ДУИ согласно сите анкети е победник во албанскиот блок.

  • Во делот на коалицијата со СДСМ секако дека во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, но најважно од се’ е дека кога победува ДУИ победуваат граѓаните, а веќе се знае дека ДУИ ги победува наредните парламентарни избори во однос на другите политички партии јас ги охрабрувам да бидат што повеќе на терен и да дадат конкретни понуди за граѓаните, истакна Бектеши.

Прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.

  • Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии, нагласи Бектеши.

На прашањето дали тоа би го направиле и доколку ДУИ не биде дел од идната Влада рече дека тоа е хипотетички.

  • Тоа е хипотетички, но ако сакаат тоа би го направиле и со договор, тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ која знае дека само со ДУИ не може да се мери ни во избори, ни во идеи, па и што да се случува во однос на политичките партии. Еве, уште еднаш јавно преку медиуми ги повикувам нека повелат и ако сакаат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите нема веќе да се занимава со политика. Но, зошто ова не би се случило, заради тоа што овие т.н. лидери на политички партии, ова не важи само за македонската опозиција и за другите лидери сите изгубиле избори и не еднаш, повеќепати, само Ахмети никогаш не изгубил и никогаш нема да изгуби избори, порача Бектеши.

Истакна дека има целосна мобилизација на членството на ДУИ и додаде дека победата на изборите не се дискутира во нивните редови, туку се очекува.

  • Веќе се знае, само се дискутира разликата која би била меѓу ДУИ и опозицијата. Во делот на претседателските избори веќе почнуваат да излегуваат првичните анкети каде што нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност пред Таравари и сега би сакал и јавно да кажам дека е многу блиску за да влезе во вториот круг со еден од кандидатите на другите политички партии кои учествуваат во изборите, посочи Бектеши.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 51 минута

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 3 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 4 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 5 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 6 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 17 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 19 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 23 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 24 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена