Вести Избори 2024 Македонија

Јакимовски од Крива Паланка: На Македонија ѝ се потребни над 50 милијарди евра инвестиции, младите да останат дома

Клучот на нашата заложба и нашата битка е како да создадеме услови нашите луѓе од Република Македонија, поготово младите и младите брачни парови да не се иселуваат. Се иселува дел од економски причини, но голем дел се иселуваат како резултат на тоа што нема систем во Република Македонија. Значи младите бараат да има систем, да функционира судско-обвинителскиот систем, да функционира државната администрација, да имаме функционален пазар на труд, да имаме функционална пазарна економија, да имаме развиени мали и средни претпријатија, но за сето тоа ни е потребно да имаме инвестиции, рече денеска при посетата на Крива Паланка кандидатот за претседател од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија”, Стевчо Јакимовски.

Според Јакимовски, во државата се потребни инвестиции над 50 милијарди евра, инвестиции во: инфраструктура, железница, сообраќај, индустрија, преработувачката индустрија.

Ни требаат инвестиции во делот на енергетиката, Вардарска долина да се направи, 11 хидроцентрали на реката Вардар, браната Чебрен-Галиште, пречистителни станици, за Вардарска долина да функционира. Исто така мораме да направиме комплетни урбанистички планови за сите излетнички места и за Попова
Шапка, и за Галичица, Галичица мора да се спои со Охридското Езеро, Пелистер, Кожуф, цела северна Грција може на Кожуф и да зимува и да летува, исто така и овде на Осоговските планини во близина на Крива Паланка, истакна Јакимовски.

Тој нагласи дека порано, пред десетина години пазарот во Крива Паланка бил полн со продавачи и купувачи, а денес, рече, кога е тука, во Крива Паланка, пазарот е готово празен.

Основната причина е што нема луѓе, нема народ. Граѓаните се иселени како резултат на „добрите“ политики во изминатите 10-15 години, рече Јакимовски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе