Започнува битката за титулата во НБА-лигата, Леброн и Лејкерси на мегдан со Јокиќ и Денвер (Фото)

По шест месеци од регуларниот дел од сезоната и плејин турнирот, вечерва ќе  започне плејофот во најсилната кошаркарска лига, а Sport Life подготви одлична понуда за натпреварите од првата рунда. Во сите рунди од плејофот, се игра кој прв до четири победи.

Титулата ќе ја брани Денвер нагетс кој во првата рунда од плејофот го очекува дуел со ЛА Лејкерс кој во плејофот дојде преку плејин турнирот.

Токму Денвер и Лејкерси минатата година се сретнаа во финалето на Западната конференција, а нагетси славеа со чисти 4-0 во победи и потоа во финалето беа подобри од Мајами хит со 4-1.

Денвер кој предводен од Никола Јокиќ на кого му се насмевнува третото МВП признание за најкорисен играч во сезоната, вечерва е фаворит со победа да ја отвори серијата против Лејкерси и Леброн Џејмс (1.38).

Во вториот меч на Западот, Минесота која заврши како трета, ќе игра против Феникс санс и ова се очекува да биде еден од најнеизвесните серии во првата рунда од плејофот. Сонцата иако се шести, предводени до Кевин Дурант и Девин Букер, не смеат предвреме да се отпишат.

На Истокот, плејофот ќе го отворат Кливленд и Орландо, додека пред полноќ својот прв меч од серијата кој прв до четири победи ќе го одиграат Њујорк и Филаделфија која ќе биде предводена од Џоел Ембид кој се опорави од повредата токму пред стартот на плејофот.

Sport Life подготви одлична понуда и за популарната игра „плус-минус“ поени за која има 65 кошаркари кои ќе играат вечерва и уште 50 за мечевите кои ќе се одиграат утре. Комплетната понуда може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести