Психосоцијалните ризици, како што се стресот, предолгото работно време, несигурноста на работното место и мобингот, се одговорни за илјадници смртни случаи и милиони евра загуби во Европската унија, според новата студија на Европскиот институт за синдикати (ETUI). Само депресијата поврзана со работното место сочинува повеќе од 80% од вкупните трошоци, кои најчесто ги сносат работодавците преку намалена продуктивност и отсуство од работа. ...

Некои психосоцијални ризици се поголема опасност од физичките несреќи, а тие можат да се спречат, што би заштедило десетици милијарди евра годишно. Трагичните последици се резултат на проблем со кој многумина сè уште одбиваат да се справат, некои во френетична трка за заработка и профит на сметка на сè, вклучително и здравјето на оние на чии рамена натрупуваат огромни милиони, други затоа што мислат дека тоа не ги засега, други затоа што дури и ...