Од четврток две дополнителни автобуски линии за Саемот на книга

ЈСП Скопје ќе ги пушти линиите 100 и 200 кои ќе сообраќаат до Саемот на книга во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Линиите ќе започнат со работа во четврток (18 април), а ќе сообраќаат до 24 април (среда).

Трасата на линијата 100 ќе започнува од Ново Лисиче, по улицата „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно.

Во меѓувреме, линијата 200 ќе започнува од Дексион, односно од улицата „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно.

Саемот на книга ќе трае од 18 до 24 април со работно време од 10 до 20 часот. Билетите можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку karti.com.mk.

Саем на книга 2024 ќе се одржува од 18 до 24 април