Ford губи огромни пари на секој продаден електричен автомобил

од Vladimir Zorba

Ford соопшти дека има нето приход од 1,3 милијарди долари за првиот квартал од 2024 година. Ова првенствено се должи на одделот Ford Pro, кој и донесе на компанијата три пати повеќе приходи од одделот Ford Blue, кој е специјализиран за патнички автомобили со SUS мотори.

Во истиот период, секторот за електрични автомобили и батерии забележа загуба од дури 1,3 милијарди долари, што е приближно двојно повеќе од она што го загуби во истиот период во 2023 година. Компанијата го обвини „нискиот притисок на цените низ индустријата“.

Ford Pro заработи приближно 7.300 долари за секое од повеќе од 400.000 продадени возила, а Ford Blue заработи близу 1.400 долари за секое од повеќе од 600.000 продадени возила.

Електричниот оддел на Ford, кој се нарекува Model e, од друга страна, изгубил неверојатни 130.000 долари по возило на приближно 10.000 електрични возила што ги продаде во првиот квартал од 2024 година, пишува „Јутарњи“.

Ford за загубите ги обвинува намалувањето на цените на своите електрични возила, по што посегнаа како „одговор на променливите пазарни услови“. Како што пазарот на батерии и електрична енергија продолжува да расте, Ford би можел да се најде во позиција да мора повторно да ги намали цените, нешто што производителот на автомобили буквално не може да си го дозволи.

Сепак, не е се така црно. Големата инвестиција во одделот Model e треба да го стави електричниот оддел на Ford во подобра позиција во наредните години, бидејќи голем дел од тие пари се инвестираат во развојот на следната генерација на електрични возила. Ако сè оди според планот, новите Ford батерии би требало да ги зголемат приходите на одделот Model e во иднина.

Слични содржини