Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија
Img 5587

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со својот професионален ангажман ќе придонесе за натамошно унапредување на севкупните односи меѓу двете земји и поинтензивна економска соработка, за што постои солидна основа.

Img 5587

„Грузија е пријателска земја со која делиме слични приоритети и погледи, а Вашата приврзаност кон европските и евроатлантските интеграции претставува дополнителен поттик за уште посодржајна соработка во периодот што претстои. Денес, кога во Европа повторно се соочуваме со трагичен воен конфликт, потребата од поголема меѓународна соработка и солидарност е актуелна можеби повеќе од кога било порано. Верувам дека без оглед на нашата големина како држави, Северна Македонија и Грузија ќе продолжат да го даваат својот придонес за обезбедувањето на мирот, демократијата, човековите права и економската благосостојба, како универзални вредности кон кои и двете земји се приврзани“, истакна претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Бердзенишвили на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази подготвеност да придонесе за унапредување и развој на пријателските односи меѓу двете земји.

Ss1

Можете да прочитате

Дворот на градинката „Мајски цвет“ во Битола доби ново хортикултурно уредување

Одбележани 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

За еден ден „уловени“ 286 брзи возачи