МКК Куманово е нов прволигаш

од Симе Стоиков

Екипата на МКК Куманово од наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига.

Ова откако во вториот, се покажа и решавачки натпревар од полуфиналната серија од разигрувањето за пополнување на Првата лига, уште еднаш беа подобри од скопски Ангели.

Славеше тимот кој го предводи тренерот Марин Докузовски со сигуни (71:56), и со максимални (2-0) ја затвори полуфиналната серија.

Воедно, со тоа се избори за место во финалето, но стана и првиот патник во друштвото на најдобрите од второлигашката конкуренција.

На натпреварот одигран во салата „Независна Македонија“, Ангели имаа подобар почеток, дури и водство во првата четвртина (13:12). Но работите почнаа да се менуваат на почетокот на втората. Период од играта во кој фаворитот го покажа својот квалитет, и до одморот се одвои на двоцифрена предност (39:26).

Во 33 минута, Ангели успеаја да се симнат на едноцифрен минус (45:54). Но по тајм-аутот на Докузовски, уследи серија од (6-0) за уте поголемо одвојување на МКК Куманово (60:45).

Утре вечер, од 20.часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“ се игра вториот меч од другата полуфинална серија во која се среќаваат екипите на Маџари и на Шкупи.

Гостите имаат (1-0) во серијата, и доколку слават на овој натпревар ќе бидат противник во финалето на МКК Куманово, и нови прволигаши.

Победа на Маџари ќе значи и одигрување на уште еден трет, решавачки натпревар.

Слични содржини